Облачно со кратки сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северозападен правец

Променливо облачно со кратки сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум степени, а дневната температура ќе се движи од осум до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до 12 степени.

До сабота времето ќе биде стабилно и суво со појава на магла по котлините. Од недела се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.