Обвинител акт против Жан Митрев, ќе му се суди за „измама“ – кривично дело со казна затвор од 1 до 10 години

Жан Митрев измамил 283 пациенти и ќарил речиси 100 милиони денари  (околу 1,6 милиони евра) од хемофилтрации тврдат истражните органи. Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против кардихирургот Митрев и тврди дека пред судот ќе докаже дека тој  ги довел во заблуда пациентите на кои им се нудела  хемофилтрацијата како алтернативен начин на лекување и истовремено рекламирај го тоа пред македонската јавноста, а притоа прикривајќи клучни факти за овој метод. Единствениот обвинет е само Жан Митрев, како физичко, и клиниката како правно лице. Во обвинението не се државните институции кои го гледале Митрев како го рекламирал овој метод како лек, а ништо не презеле бидејќи според обвинителството тоа не е кривична одговорност.

  • Обвинетиот кај секој од оштетените создал лажна претстава и заблуда, па најголем дел од нив при приемот на конкретен пациент во болницата, однапред уплаќале средства за по два циклуси на хемофилтрација како дел од болнички пакети, без да им биде објаснет овoj метод и потенцијалните ризици од него и без да се прибави соодветна согласност за примената на таква процедура кај пациентите, што е спротивно на условите утврдени во овластувањето и на здравствените прописи и стандарди“ стои во соопштението од ОЈО Скопје.​

Се гледаме на суд е нашиот одговор на одлука на Основното јавно обвинителство да се гони Митрев  за измама реагираат од приватната клиника. Вистината велат е дека ниту еден пациент не бил измамен, а сите третмани и процеси во болницата биле јавни и транспарентни и во интерес на пациентите, а со тоа ќе паднело и обвинението на обвинителството.

  • Клиниката и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот. Со ова ќе ја докажеме вистината и фактичката состојба, за нашата работа дека се што беше направено во Клиниката Жан Митрев, беше направено за пациентите и според дозволени методи и стандарди на лекување. Ние како клиника, во текот на целиот овој процес целосно соработувавме со институциите и ги отстапивме сите наши материјални и човечки капацитети со цел вистината да излезе во јавност и транспарентно да се докаже дека наша цел и функција отсекогаш била да лечиме и да им дадеме најдобра медицинска нега на пациентите“ велат од приватна клиника „Жан Митрев“.

По допрен глас ОЈО Скопје оформи предмет на 18 јули, по објавувањето на документарен филм „Нечиста крв“ на Истражувачката Репортерска Лабараторија. Имено, ИРЛ истражувале како работи клиниката на Митрев од 2020 до 2022 година преку сведоштва на семејства на Ковид-пациенти врз кои бил применуван методот хемофилтрација односно филтрација на крвта без да знаат дека се предмет на клиничко испитување. За тоа, пациентите тврдат дека им било барано авансно да уплатат 12.000 евра за да бидат хоспитализирани во клиниката.

Викторија Миткова

Advertisements