Обвинителството ја прекина соработката со ДКСК

Oбвинителството предводено од Aбази ја замрзнува соработката со Aнтикорупциската комисија. Oткако вчера комисијата одлучи да достави иницијатива до Oсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за сомнежи за намерно оштетување на доверители, меѓу кои и државата, во врска случајот „Труст“, денеска Јавното обвинителство ја обвини комисијата дека се однесува неодговорно и соопшти дека ја замрзнува соработката со комисијата.на вчерашната седница. Членот Шемши Салаи кажа дека штетата од лошо изведената конфискација на имотот на „Трансмет“ на осудениот Сеад Кочан изнесува над 12,4 милиони евра. но, денеска од Јавното обвинителство велат дека оваа иницијатива на ДКСК е целосно беспредметна и непотребна, додавајќи дека нема потреба ДКСК да поднесува иницијативи за предмети за кои Обвинителството веќе постапува. Понатаму, Јавното обвинителство вели дека е неодговорно од една институција како ДКСК, врз нецелосно обработени и неточни факти, да излегува надвор од своите надлежности и да прикажува шеми на наводно организирано дејствување, бидејќи тоа единствено е во надлежност на истражните и на судските органи во државата.

Advertisements