НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинителството се уште ги проучува предметите за Мерко – биле сложени и обемни

Откако пред два дена комисија од четворица обвинители од републичкото обвинителство правеа увид во предметите што се водат за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, оттаму денеска споделија информација дека некои од случаите бидејќи се обемни и сложени сè уште се проучуваат и анализираат. Потоа, се очекува комисијата да изготви и извештај и да даде насоки како понатаму.

  • Комисијата на Јавното обвинителство задолжена да изврши вонреден надзор на заведените предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга изврши увид во сите завршени и предмети во работа против ова лице во Основното Јавно обвинителство Струга, вишото јавно обвинителство Битола и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Притоа, заради обемноста на преземените дејствија и сложеноста, дел од предметите сè уште детално се проучуваат и се анализираат. По завршувањето на проверките, комисијата ќе изготви извештај со насоки за постапувањето во конкретните предмети“, велат од Обвинителството.