Обвинителството се налути за критиките околу случајот “Скопје 2014″– сега тие бараат тој да не се политизирал
Ги премолчија американски црни листи, аферите со семејството на Ахмети, критиките од Австрија за бизнисите на Заев, прашањата од Холандија каде отишле милијардите, ама немаа проблем да влезат во судир со јавноста која прашува зошто по една деценија одеднаш им текна името на екс градоначалникот на Центар, Тодоровиќ како од пепел се издигна од обвинителските фиоки. Обвинителството се налути за критиките, па сега бараат политичките партии да не го злоупотребувале случајот, кои како што велат од ОЈО нивниот обвинител изминатите години, – „максимално посветено и професионално постапувал во предметот“.
„Јавното обвинителство инсистира сите политички партии да запрат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка во предметот ‘Феникс‘, како и кое било друго постапување на обвинителството. Ги потсетуваме сите политички чинители на пораката што во овој контекст пред само неколку дена ја упати американскиот Стејт департмент, дека лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата, стои во соопштението на Основно Јавно обвнителство.
Како што е познато, по безмалку цела декада збирање докази, случајот Феникс кулуминираше минатата недела затоа што дури толку време му требало на обвинителството да утврди како се поставени 11 споменици и да проверат 30-тина фактури. По фамозната прес-конференција на обвинителот, стручната и политичката јавност, но и граѓаните обвинија дека овој случај е само дефокус за се она што се случува на јавна сцена каде власта го губи дното под нозете. Обвинителството се правда и велат:
Шпекулациите во кои фокусот се става на временската рамка за преземање на дејствијата во овој предмет, сметаат дека е неопходно да се истакнат одредени датуми што го следат постапувањето во предметот, со што јавноста ќе може да оцени дека предметот „Феникс“ е воден согласно закон и соодветно на доказите, стои во соопштението на Основно Јавно обвнителство.
Дел од правниците, но и политичарите го толкуваат актуелизирањето на случајот Скопје 2014 како сламка за спас, за народот да не зборува за уставните измени, критиките од меѓународната заедница, црната листа на САД, одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ.
Од првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели „Тоа беше театар пред јавноста, а што беше прикажано пред некој ден, а вие го нарековте случај „Феникс“. Тоа е исклучиво со една цел, а тоа е дефокус од јавното мислење, за да се дивергира од оние кои денеска купуваат со десетици милиони евра имот во центарот на Скопје. Ако имало дело, тоа ќе било решено пред седум, осум-девет години.
Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“. Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и државјани од Италија, а се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.
Судија на претходна постапка му одреди куќен притвор на Тодоровиќ. Поранешниот претседавач на општинскиот совет Здравев, доби притвор од 30 дена, како и осомничените Игор Секуловски и Љупчо Бакев. Куќен притвор му е одреден и нa Тодор Делјановски.