Обвинителството го примило извештајот за Јана: Ќе одговара ли некој за смртта на малото девојче?
Основното јавно обвинителство Битола конечно го примило извештајот за случајот со смртта на малата Јана.
„По разгледување, надлежниот јавен обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката“ – велат оттаму.
Случајот покрена бура реакции во јавноста откако 6-годишното девојче почина неколку часа по приемот во битолската болница, а нејзините родители, тврдеа дека починала по примена инфузија.