Обвинителството го истражува Иванов

Дали на повидок е нов координиран напад врз претседателот Ѓорге Иванов со цел да се изврши притисок за промена на неговите политики, одлуки и ставови? Јавното обвинителство по наводно барање на некои медиуми денеска информираше дека за Иванов води предистражна постапка откако кај нив пристигнале две анонимни кривични пријави едната оти Иванов не го потпишал законот за јазици, а втората бидејќи претседателот на ставил параф на договор од Преспа.
„Основното јавно обвинителство Скопје постапува во предистражна постапка, во насока на проверка на наводите во пријавите. Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот“ се вели во одговорот на ОЈО Скопје.
Таканаречената сива зона или џебното вето не преставува никакво кривично дело, коментираат правни експерти, а претседателот на државата не е обврзан со рок за да стави потпис на закон кој претходно одбил да го потпише поради непочитување на Уставот и законите, како што му беше ставот за законот за јазици. Дополнително, џебното вето не претставува никакво кривично дело.
Ова е трата предистражна постапка која се објавува во јавноста, а се однесува на наводна истрага за претседателот. Истрагата на СЈО за наводно потекло на имот кога претседателот ја објави групната аболиција во 2016, доживеа фијаско, истата судбина ја имаше и предистражната постапка на обвинителствотo за организиран криминал, за наводна вмешаност на лица од Кабинетот на Иванов во собраниските настани од 27 април.

Катерина Гетева