Обвинителот Пеливанов седнува на жешкото столче во Организиран криминал на местото на Русковска

Некогашниот обвинител во СЈО на осудената Катица Јанева, сега ќе ја менува суспендираната Вилма Русковска. Трајче Пеливанов, на предлог на републичкиот обвинител Љубомир Јовески, едногласно беше одобрен од страна на Советот на јавни обвинители, да ги преземе предметите на шефицата на Организиран криминал. Тој ќе ја менува Русковска најмалку два месеца, до кога се очекува, постапката да покаже, дали го спровела според закон, претресот во финансовата  полиција, или пак , Пелованов ќе биде шеф на местото на Русковска, до ноември, кога истекува нејзиниот мандат. Сите членови на советот, беа со став дека е неопходна замената на Русковска, а дилема која ја имаше Советот беше поврзана со терминологијата која ќе се употреби, при поставувањето на заменикот. Законот за јавни обвинители не предвидува ситуација, во која, шефот и неговиот прв заменик ќе бидат дел од дисциплинска постапка, за да се овозможи поставување на вршител на должност.

Пеливанов се Русковска работи две години, а претходно беше дел до тимот на Катица Јанева во Специјалното јавно обвинителство каде беше четири години, односно од 2015 до 2019 година.

Замената на Русковска доаѓа откако во петокот беше потврдена нејзината суспензија и од страна на Советот на јавни обвинители. Тие ја одбија жалбата со образложение дека Русковска, може да влијае на постапката која се води против неа, по кривичната пријава што ја доби, од екс директорот на Финансова, Арафат Муареми.

Во исто време, за Русковска, нејзината заменичка Ивана Трајчева и обвинителката Елизабета Јосифовска, државниот обвинител Јовески поведе и дисциплинска постапка. 

Викторија Миткова