Нaместо даночни реформи, да јa реши сивата економија – порака од експерти

Даночните реформи кои сака да ги спроведе Владата среде економска и енергетска криза наместо да ја наполнат државната каса може да стимулираат  сива економија. Експертите коментираат дека најавените даночни реформи само ќе значат нови даночни оптоварувања и за граѓаните и за фирмите, а не се мерки за справување со сузбивање на сивата економија како што ги презентира Владата.

 Повторно се удира по џебот на оние кои редовно плаќаат даноци и тоа се прави во момент на економска и енергетска криза и не само тоа. Ние не видовме барем досега дека е презентиран јасен документ кој ги презентира факторите кои влијаат на ситуацијава и пред се детален план како би се потрошиле тие народни пари кои би се собрале од новите даночни оптоварувања.  Може да се очекува дека дополнително би се намалила довербата на даночните обврзници во институциите што пак во вакви околности би значело за постгнување на контравефект, за зголемување на даночната евазија преку тоа и зголемување на сивата економија, вели Професорот Јован Шоповски

Само во 2020 година , 250 милиони евра завршиле како „пари под рака“ или 23.2 проценти од БДП „јаде “ сивата економија во Македонија.  Со вака големи бројки, моменталниот фокус треба да се стави на справување со сивата економија, а не на нови оптоварувања за граѓаните .  Една од предвидените измени во најавените даночни реформи е да се оданочува приходот за оние кои работат по договор на дело.  Доколку се направи вакво нешто, за овие лица ќе се зголемат давачките за 300 отсто и може да се дојде до контраефект – односно наместо преку банка парите да се даваат во плико и наместо повеќе да има помалку пари во Буџетот.

Најжестока дебата имаме дали треба да се оданочат оние кои што работат по договор на дело. Законот ги третира тие лица како повремени вршители на дејност, или даватели на услуги и сега оддеднаш сакаат да им се смени статусот во приходи од вбработување. Огромно зголемување на давачките за тие лица преку 300 отсто и голем дел од нив ќе бараат начини да го избегнат тој товар не само за да се приберат тие средства туку и да се избегнат оние кои се очекувале во тој момент.  Науката вели дека зголемувањето на данокот конкретно влијае на зголемувањето на сивата економија , додава Шоповски
И не само компаниите, доколку се воведе оданочување на заштедата на граѓаните како што е планирано,  кај народот тоа ќе предизвика контраефект и луѓето ќе почнат да бараат алтернативни начини како да избегнат одданочување смета Шоповски.

Голема дискусија во јавноста се отвора и за прашањето дали да се врати прогресивниот данок наместо рамен како што имаме сега. Според експертите ако во 2019 сме имале неусшешен обид, доколку прогресивното одданочување се врати сега под непроменети услови нема да има поинаков ефект од пред три години. 

Инаку, Министерството за Финансии запона процес на широки консултации и дебата за даночната реформа и како што тече процесот до сега се повеќе експерти и политички партии не се согласуваат со новите даноци од Бесими.

Кристина Алексиеска