Нухиу: Не ми се допаѓа кампањата на ДУИ, таа ќе го чини Пендаровски потенцијални гласови

„Успеаја ли кандидатите да ги убедат неопределените?“ е денешната тема на „Отворено“ на Алфа телевизија. Гости на Искра Коровешовска се аналитичарите Арменд Нухиу и Зоран Јовановски. Вели дека е нечесно и дволично да се застане зад еден кандидат, како што е примерот на владејачката коалиција со Стево Пендаровски, а да не се тера заедничка кампања.

-Не ми се допаѓа начинот на кој ја тера ДУИ кампањата, а со тоа ќе изгуби и гласачи, дел од луѓето разбираат, но дел сакаат и визуелно да видат, дека на пример лидерот на ДУИ е заедно со лидерот на СДСМ на митинг. За жал мислам дека ова ќе го чини и господинот Пендаровски на неговото конто потенцијални гласачи членови на ДУИ и симпатизери на ДУИ, изјави Нухиу.