Нуредини: Вашата телевизија нека каже што да правиме со шествалентиот хром

Вашата телевизија нека одбере локација каде да се одлага калта од пречистителната станица, нека предложи решение доколку сметате дека она што ние го правиме е несоодветно. Ова е ставот на министерот за екологија за скандалот со депонијата во близина на заштитната зона на изворите Рашче што го обелодени Алфа. 

Сега вие кое решение го предлагате…праша Нуредини.

Министерот признава дека станува збор за жешка еколошка точка, но и дека Македонија немала капациетет соодветно да ја третира калта која веројатно содржи и тешки метали.

За жал ние немаме можност и моќ, да го третираме отпадот кој сега го зимаме од базенот и заради тоа ја употребуваме депонијата, која има инфраструктура и подземна канализација да го третира тој отпад и отпадни води. За интерес на јавноста дали ние не ја реактивираме депонијата но ја употребуваме за рехабилитација на базенот и пречистителната станица во Јегуновце рече Нуредини.

Минатата недела токму по налог на Министерството за екологија започна да се транспортира кал од пречистителната станица на Југохром и да се испушта на старо – новата депонија во близина на заштитната зона на изворите Рашче, во општина Јегуновце, на само 500 метри од првите куќи, а локацијата ја избрало самото Министерство.

Тука со децении се носеле остатоците од индустриското производство на Југохром кои, меѓу другото, содржат хромати на калциум, алуминиум, натриум, но и шестовалентен хром за кој е докажано дека е канцероген односно опасен за човекот и животната средина.

Низа научни трудови предупредуваат дека оваа депонија  потенцијално може да ја загрози водата која ја пијат над половина милион скопјани, а со нејзиното реактивирање опасноста само се зголемува.

Викторија Миткова

Advertisements