Ноќниот живот во Скопје полека но сигурно изумира

Ноќниот живот во Скопје полека но сигурно пропаѓа, во споредба со претходните години, особено пред пандемијата се воочува голема разлика. Младите и повозрасните имаа многу места за излегување и дружење, сега нема речиси ни еден ноќен клуб или локал што работи после 1ч каде што луѓето можат да се забавуваат во летните ноќи. Младите се оставени сами на себе да се организираат и дружат, но за жал нема каде.

Од друга страна газдите на локалите сметаат дека има ноќен живот но тој е далеку од соодветен, тие велат дека и да има дискотеки треба да бидат надвор од градот а не во самиот центар каде што пречат на другите луѓе, што не е случај речиси во никој од поголемите градови во светот. Навраќајки се на претходните години тие се сеќаваат на многу позабавен ноќен живот за разлика од сега. Според нив голем удел во ова има и пандемијата а сега и финансиската криза што ја зафати Македонија.

Пандемијата секако има можам да кажам најголем удел за ноќниот живот, најмногу му наштети на ноќниот живот. Сега младите се оставени на своја рака да се снаоѓаат, да си организираат ноќен живот, што не секогаш е во најдобар ред. Често знае да ескалира во агресија и слично, изјави Огнен Узуновски – Сектор 909

Пред една недела угостителите се спремаа за протест против ваквата ситуација со ноќниот живот во Скопје, требаше да се оддржи пред Влада меѓутоа поради непознати причини беше откажан.

Прочитав ја во медиумите, по порталите дека треба да има протест меѓутоа бидејќи не фатија летните одмори не знам што стана на таа тема. Зошто не се оддржа и што беше договорено, изјави Емил од Трибека

За работа по 1 часот по полноќ е потребна посебна лиценца која чини многу, па тоа веројатно е една од причините што има се помалку места што работат до доцна во ноќта. Сопствениците на клубови и барови велат дека не се исплатува да ја имаат, ако порано се нарачувало без размислување, сега поради финансиската криза повеќето гости земаат по само една или две пијачки.

За жал, алтернатива на клубовите и баровите, се повеќе стануваат казината кои непречено работат и никнуваат на секој чекор.

Бојана Златкова