Нов шамар од EУ за Владата-се бара објаснување за злоупотребата на европското знаменце

Предложените законски измени за коридорите 8 и 10 д не се поврзани со стандардите на Европска Унија  – нов шамар од Брисел до Владата . Додека власта се правда дека ги турка законите со европско знаменце за да нема блокада од опозицијата, Европската комисија го повтори ставот – употребата на скратени процедури не треба да се користи за прескокнување на јавна расправа.

Во овој случај, предложените закони не се поврзани со усогласување на ваквите стандарди. Ние ја изразивме нашата загриженост на националните власти и побаравме дополнително разјаснување. Употребата на скратени процедури треба да биде ограничена и да се користи само во случаи за унапредување на рефорската агенда во врска со ЕУ. Не треба да се користи за прескокнување на јавна расправа или за надминување на процедурални тешкотии во законодавството“, вели портпаролот на Европската комисија Петер Стано за Сакамдакажам.мк

За туркањето на законите со европско знаменце загриженост изразила и австриската делегација која беше во посета на Парламентот, а писмо до Владата испратиле и од светската конфедерација на синдикати во кое бараат да се откаже од законските измени кои ги карактеризираат како опасни. Тие даваат поддршка на нивните македонски колеги и предупредуваат дека е недозволиво власта да бара легализација на екплоатација на трудот.

Владејачкото мнозинство сепак ги турка скандалозните законски измени. Попусти се апелите и критиките на опозицијата дека не смее да се дозволи работната недела да изнесува дури 72 часа: 

-Не газите со тоа врз нас и граѓаните, си гасите врз самите себеси . Се преминуваат сите граници, за тоа е гласна и меѓународната заедница , рече Тони Јаревски од ВМРО – ДПМНЕ

Власта ги одбива амандманите и ја обвинува опозицијата дека била против коридорите.

Не можам да разберам. Се ви смета, сега ви смета и оваа процедура , што треба да станеме заложници, реплицираше Мартин Костоски од СДСМ .

По комисиската расправа, законските измени за работни односи треба да поминат на пленарна седница. Тоа ќе важи и за останатите четири закони кои власта ги менува со европско знаменце и покрај критиките од ЕУ. 

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста