Нов ценовен шок за граѓаните од први јуни – ќе растат цените, Владата нема нови мерки

Нов ценовен шок на граѓаните им тропа на врата. Од први јуни, односно од следната недела, цените на дел од прехрамбените производи ќе одат на горе, односно ќе бидат „одмрзнати“ и ќе се продаваат поскапо, оти до овој момент најави за нови замрзнувања нема.  

Стопанството постојано алармирааше дека вештачко држење на замрзнати цени, не е добра мерка, затшто суровните поскапуваат на светскиот пазар, па после одмзранувањето на цените ќе дојде до драстично раст на цените на производите и кај нас.

Во меѓувреме, последна во низата – месната индустрија најавува 20% поскапување на сувомеснатите производи, ако Владата не ја продолжи мерката 0% царински давачки за увозот на месо. Ако власта остане глува на ова барање,  индустријата најавува крах на компаниите и 500 семејства само во еден регион ќе останат на улица.

  • Не бараме помош, ниту субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување во државата. Готови производи влегуваат во земјава со нула отсто царина, а ние при увоз на суровина за да ги произведеме истите тие готови производи плаќаме 20 – 30 отсо царина. Проблемите ќе бидат се понагласени со реализација на Отворен Балкан, така што ќе дојде или до затворање на капацитетите или до нивно селење во соседството, рече претседателот на Групацијата за преработка на месо и производи од месо, Гоце Трајчев.

Тој порача дека Групацијата бара ослободување од царинските давачки по примерот на другите индустрии во земјава кои исто така користат суровини за преработка.

  • Владата да го растовари стопанството од политика и да не носи мерки кои се штетни за него и кои влијаат негативно врз Буџетот. Ако сака да интервенира, тогаш нјека интервенира кај социјално ранливите категории преку ваучери за купување домашни прооизоди или плаќање комунални такси, а не преку ноќ да менува законски одредби и даночни основи или да замрзнува цени, порача Трајчев.

Инаку, Владата сетот мерки го донесе од март до крајот на мај. Но, цените продолжија да растат и покрај ограничувањата. Сега, најверојатно, пари ќе се чуваат за евентуални мерки од септември, за кога се очекува ново зголемување на цената на струјата.

Инаку, според државната статистика, само минатиот месец прозиводите поскапеле за над 11%, а инфлацијата достигна до високи 10,5%.

Борис Грујоски

Advertisements