Нов студен бран-Ќе донесе снег

Метеоролозите најавуваат промени на времето. За денеска се очекува и силен ветер кој ќе биде најава за промените кои доаѓаат од ноќеска.

Ќе има врнежи од дожд на пониските места а на планините ќе врне снег.

Од денеска повторно ќе паѓаат температурите а на некои пониски места ќе има и снег.

Што се однесува до температурите, минимумот речиси секаде ќе бидат под -10 а дневната ќе порасне најмногу до +7 степени Целзиусови.

Денес низ земјава ќе започне да дува умерен до наместа и засилен јужен и југозападен ветер, што воедно ќе биде и најава за промената која допрва следи.

Очекуваме локално удари на ветер и од над 80 км/ч. До крајот на денот ќе настапи и наоблачување кое до вечерните и ноќни часови ќе услови и врнежи најпрвин на запад а потоа и на повеќе места низ земјава. Врнежите ќе бидат од дожд, а на планините снег.