Нов случај на предреферендумски вработувања – нова дестинација

„Комунална хигиена“ Скопје за привремени вработувања во текот на референдумска кампања ќе потроши 1,85 милиони евра.
На официјалната страница на системот за јавни набавки е објавен договор во кој како договорен орган стои ЈП „Комунална хигиена Скопје“ и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на услуги за привремено вработување од агенција за привремени вработувања, а договорот е во вредност од 113.280.000 денари.Кај овие вработувања, договорите од привремени, со постоечкиот закон се трансформираат во договори на неопределено време, што остава простор за евентуална злоупотреба пред референдумот. Претходно, вакви огласи за вработување беа забележани во општина Аеродром и Град Скопје.