Нов пораз на Владата на Меј во британскиот Парламент

Владата на британската премиерка Тереза Меј синоќа претрпе нов пораз во Парламнетот во Вестминстер, откако пратениците усвоија амандман со кој на владиниот Кабинет му се поставуваат нов ограничување за Брегзит без договор.

Пратениците со 303 гласа „за“ и 296 „против“ го усвоија амандмантот, предложен од противници на истапувањето на Велика Британија од ЕУ без договор, со кој на Владата и се забранува да издвојува средства за подготовка на „Брегзит без договор“, без одобрение од Парламентот.

Иако, членови на Владата се обидоа да го намалат значењето на овој нов владин пораз во Парламентот, британските медиуми оценуваат дека гласањето за амандманот е показател за слабата позиција на Меј како лидер на Конзервативната партија, во пресрет на изјаснувањето на пратениците за Договорот за Брегзит, предвидено за 15 јануари.

Петдневната расправа по Договорот почнува денеска, по што гласањето ќе се одржи во вторник вечерта.

Доколку Парламентот не го одобри сегашниот договор, усогласен меѓу Лондон и Брисел лани во ноември, тогаш Велика Британиќа ќе се соочи со нова неизвеснот.

Меј пред три дена предупреди дека никој не може да знае што ќе се случи доколку Парламнетот не го прифати договорот за Брегзит.

Лидерите на ЕУ веќе најавија дека нема да прифатат нови преговори за условите на британскоот истапување од Унијата, па доколку пратениците не го одобрат договорениот документ, тогаш како најверојатна можност се посочува „Брегзит без договор“.

Предвидено е Велика Британија да ја напушти Унијата на 29 март.