Нов вооружен напад во САД – вработен во банка со полуавтоматска пушка убил четири колеги, нападот го пренесувал во живо на интернет

Пет луѓе загинаа во престрелката што се случи во центарот на Луивил, во американската сојузна држава Кентаки. Престрелката се случила во банка од страна на вработен, кој влегол со полуавтоматска пушка и почнал да пука по неговите колеги. Полицијата брзо стигнала на местото на инцидентот, почнала вооружена престрелка, по што напаѓачот е убиен. Но, меѓу починатите е и еден полицаец на возраст од 26 години, а другите загинатите се на возраст од 40 до 64.

Повредени се девет луѓе, меѓу нив и двајца полицајци. Еден од нив, туку што дипломирал, и повреден е во главата. Извршена му е операција на мозокот и се уште е во критична состојба.

Полицијата го идентификуваше напаѓачот. Станува збор за Конор Старџен 25 години, кој нападот и убиството на колегите пред да дојде полицијата го пренесувал на интернет.

Инстаграм мета брзо го отстраниле преносот во живо од овој трагичен инцидент.

Фотографија: via REUTERS

Advertisements