Нов бугарска закана: Повторно ќе добиеме вето ако забраниме отворање на бугарски културни клубови, не сме смееле сами да толкуваме историски факти

Бугарските културни клубови стануваат нов услов да немаме бугарско вето. Не смееме да забраниме нивно отворање доколку сакаме напредок во евроинтеграциите. Ако сакаме во ЕУ, нема да смееме ниту сами да ги толкуваме историските факти. Овие пораки ни ги испрати заменик министерот на бугарското МНР, Костадин Коџабашев.

Зброувајќи за односите Скопје- Софија, порача дека е крајно неприфатливо да се користи наратив, вклучително и законодавни иницијативи, со кои според неговите неговите зборови непринципиелно се користат теми поврзани со фашизмот, антисемитизмот и тероризмот, со цел да се ограничат основните права и да се влошат добрососедските односи.

-Категорично ги отфрламе обидите за наметнување селективни, еднострани, историски толкувања. Во таа насока, принудени сме да ја потсетиме земјата која е кандидат за членство во Европската Унија дека европската практика, законодавните иницијативи кои го засегаат правото на здружување се водени од желбата да се олесни, а не да се попречи создавањето и функционирањето на граѓански организации и здруженија, изјави Коџабашев.

Реакција од МНР дојде за предлог законот за основање клубови, но за сите бугарски провокации кон Македонија нема ништо.

-Втората бугарска држава во Европа, Македонија или како што е од скоро Северна Македонија, кажа пратеникот Костадин Костадинов.

Овие зборови изречени во бугарското собрание, не се никаков проблем за бугарската Влада. Со втора вербална нота во два дена, нашите дипломати побараа реакција, но за нивните бугарски колеги изгледа нема причина за таков потег. На пораката на македонското МНР дека овие зборови на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, се директно спротивни на Договорот за пријателство и добрососедство, бугарската дипломатија остана нема.

-Токму во духот на добрососедството, очекуваме релевантните политички и институционални фактори во Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите провокации и обиди за нарушување на добрососедските односи, кажаа од МНР.

МНР испрати и осуда за забраната на општина Благоевград, за отворање на културниот клуб Никола Вапцаров. И за ова молк од бугарската влада. Додека во Македонија како да стана помодарство да се отвораат бугарски клубови, именувани по докажани соработници на фашистичкиот режим, македонски клуб именуван по поет е забранет од другата страна на источната граница.

Изгледа за официјална Софија не е никаков проблем тврдењето дека Македонија е вештачки создадена нација, како што се тври во соопштението на Советот на Благоевград. Културниот клуб Никола Вапцаров, планирано беше да се отвори на 30-ти октомври, но дали ќе дојде до тоа, засега останува непознато. Покана за присуство од таму испратиле до премиерите и на Македонија и на Бугарија.

Матеја Петровски

Advertisements

Поврзани вести