НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ново пукање во Србија: Убиени двајца млади, уапсени четворица осомничени

Според неофицијални полициски извештаи, пукањето било од автомобил во движење кон група млади момчиња кои стоеле во близина на основното училиште. Наводно, се работи за судир на две групи млади момчиња кои се занимавале со продавање наркотици

Две момчиња на возраст од 19 и 20 години се убиени во престрелка што синоќа околу полноќ се случила во приградска новосадска населба Футог во Србија. Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека едно од момчињата починало на самото место, а другото им подлегнало на повредите во болница.

За двојното убиство се уапсени четворица осомничени на возраст од 21 до 26 години.

Во меѓувреме полицијата продолжува да работи на утврдување на сите околности на настанот.

Според неофицијални полициски извештаи, на кои се повикува „Данас, пукањето било од автомобил во движење кон група млади момчиња кои стоеле во близина на основното училиште „Десанка Максимовиќ“.

Наводно, се работи за судир на две групи млади момчиња кои се занимавале со продавање наркотици.