Ново поскапување на млекото, сирењето, кашкавалот и месото

Нови поскапи цени се залепени на рафотвите со леб, млеко, јогурт, сирење, месо и други основни продукти.
Во обиколката на пазарите и маркетите, граѓаните пред објективот на Алфа ТВ велат дека цените поскапуваат преку ноќ и оти не знаат како ќе издржат ако продолжи ова темпо.
Цените започнаа да се менуваат откако на 1 јули престана да важи мерката за замрзнати маржи на основните прехранбени продукти – лебот, шеќерот, јајцата и млечните производи. Со оваа одлука, државата остави на производителите и трговците сами да утврдат цените на продуктите според пазарните услови.
Инаку, според последната пресметка на минималната синдикална кошница, на едно четиричлено семејство потребни му се повеќе од 50 илјади денари за да ги покрие основните трошоци за живот. Во пресметките на синдикатите, скоро 50 проценти од трошоците се за храна, а минималната кошничка сè уште не може да се покрие со две минимални плати.
Никола Цветкоски