Ново драстично покачување на млечните производи – поскапува сирењето, кашкавалот, млекото, јогурот

Сирењето, кашкавалот, млекото, јогурот – ново драстично покачување на цените на млечните производи. Ова е второ поскапување за само две недели. Според трговците, поскапувањето на млечните производи ќе изнесуваат од 5 до 30 денари на секој млечен производ. Покрај основното поскапување, во новата цена на производите ќе се додаде и маржата која од 1 јули годинава веќе не е замрзната, но и ДДВ-то од 5%.

Нови „солени“ цени на млечните производи пристигнаа во маркетите. Станува збор за сирењето, кашкавалот, јогуртот. Па така на пример, ако јогуртот до сега се продаваше по цена од околу 70 до 80 денари, отсега ќе чини околу 90 денари. Кравјиот кашкавал кој досега одеше за 500 денари, сега ќе чини 600 денари. Еден килограм овчи кашкавал ќе се продава за околу 900 денари, мешаниот за околу 700, кравјото сирење ќе добие цена околу 400 денари, а овчото сирење ќе се продава за повеќе од 500 денари.

Сето ова се случува откако инфлацијата падна 8,4%, ама само на хартија. Во пракса, сите цени буквлано експлодираа.

  • Од скапо поскапо. Не знам што ќе се прави. Ако традиционално секое лето купувавме лубеница, диња и не ја гледавме цената, бидеќи беа евтини сега за едно динче од кое нема да се најде цело семејство треба да платиме околу 200 денари. Килограм праски, тоа се околу 4 поголеми праски, чинат над 60 денари, се жалат граѓаните. 

Само минатата недела дел од производите се зголемија за околу 30 денари, а веќе од сега дополни со плус 15 денари на цените на млечните производи, потврдуваат за Алфа дел некои од поголемите маркети кои сакаат да останат анонимни. Освен ова поскапување, на новата цена на производите ќе се додаде и маржата која од 1 јули годинава веќе не е замрзната, но и ДДВ-то од 5 проценти.

Претходно, и државната статистика покажа дека за една година, храната поскапела за 12%. Најголем пораст има кај зеленчукот од 21,5%, кај овошјето од 17,7%. Поркај храната, поскапело буквално се – струјата, горивото, потоа кафето во кафетерија, па дури и паркинг услугите.

И додека кај нас високите цени на храната и енергенсите силно удираат по џебот на граѓаните, нема никакви мерки за колку толку да се ублажи ценовниот шок, па така земјава и натаму останува меѓу лидерите по сиромаштија.

Борис Грујоски

Advertisements