Нови 30 дена притвор за поранешниот директор на УБК Атанасовски

Кривичниот суд во Скопје му одреди нови 30 дена притвор на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Јавното обвинителство го сомничи за кривично дело „здружување заради непријателска дејност“, откако некои обвинети го посочија како организатор на настаните од 27 април 2017 година.

Неговиот адвокат, Јордан Апостолски се уште не ја добил одлуката, но најави дека истата ќе ја обжали пред Апелациониот суд. Атанасовски е во притвор од 4 декември 2018 година.