НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нови 27 откази во скопски „Комуналец“, вработените се жалат дека побарале леб, а добиле отказ

Отказите во комуналец, наместо чистотата на Скопје, станаа главен приоритет за директорката на комуналното претпријатие. Додека главниот град веќе четврти ден е затрупан во ѓубре Мазнева реши да подели уште 27 откази. Вработените тоа го дознале изутрината откако стигнале на работа, своите имиња ги прочитале на огласна табла каде имало список на сите кои добиле откази.

Избрканите се работници кои протестираа, дел од нив кои го собираа ѓубрето, а дел возачи на специјални тешки товарни возила. Се пожалија на од лошиот одност на менаџментот. Велат, побарале леб, а добиле отказ.

  • Атер за граѓаните прекинавме со револтот за да го чистиме сметот оти времето е многу топло, да не се шири некоја зараза. Во спротивно, добивме отказни решенија . Баравме леб, добивме отказни решенија. Луѓе што работевме по 30 – 40 години со работен стаж во Ј.П. „Комунална хигиена, изјави Насер Биљал, претставник на Синдикалната организација на „Комунална хигиена“ – Скопје.

Министерот за внатрешни работи Спасовски се закани – сите кои предизвикаа главниот град да се гуши во смет, ќе си добијат кривични пријави, а истото ги чека и оние кои земале плата, а не се појавиле на работа, како што тврдеше градоначалничаката Арсовска.

  • Навистина ниту Скопје, ниту граѓаните не го заслужија ова што се случи изминатите денови. Еколошка катастрофа која го загрозува здравјето и животот на граѓаните. И без да навлегуваме во причините – ова е катастрофа. Најмалку сакам превирања да влијаат на животот на граѓаните. Ние вчера очекувавме и мислам дека денеска треба да биде доставен записникот од Инспекторатот за животна средина, комуналниот инспекторат, инспекторите на Град Скопје, за да ги видиме нивните наоди. Во координација сме со обвинител. Ако има елементи за кривично дело, за сите сторители кои допринесоа главниот град да се дави во смет – можно е да бидат поднесени кривични пријави“, најави Спасовски.

И додека надлежните се занимават со откази, контињерите и кантите во главниот град нема кој да ги собере. Надлежните тврдат дека се работи на терен ама луѓето не можеле да постигнат да го соберат расфралното ѓубре. Скопјани гневни на Арсовска, велат не паметат градот некакош да бил повалкан. Порачаа градските власти да престанат да бистрат политика и да се фатат за работа.

  • На што личи ова, па срамота е. И градоначалничката, и сите надлежни да си преземат одговорност. Па ова на ништо не личи, реагираат граѓаните пред камерата на Алфа кои веќе и нема каде да го фрлаат ѓубрето кое е расфрлано на секаде.

И додека ѓубрето кое се таложеше деновиве скапува пред контејнирете, улични мачки и кучиња го ратргнале насекаде, што претставува извор на зараза. Во меѓу време, граѓаните на социјалните мрежи објавуваат и ведеа од стаорци кои шетаат по скопските улици. Сликата, пишуваат е ужасна, зашто комуналниот колапс до сега 100 пати требаше да се реши.

Борис Грујоски