Нови критики за македонските судии и обвинители – Со рацето в џеб нема да ја вратите довербата во правосудството
Со рацете в џеб нема да се врати довербата на граѓаните во правосудството. Меѓународната заедница повторно уптати критики за влијанието во работењето на правосудните органи, кругот на блискост помеѓу судиите, обвинителите и адвокатите, но и за унапредувањето на судски и обвинителски позииции без заслуга. Најголемата недоверба е во највисоките органи во судската власт, Судскиот и Советот на јавни обвинители. Американските претставници повторно бараат конкретни резултати за големите суми кои ги вложуваат за реформи.
- „Вршење влијание на годишната работа на судиите, блискоста меѓу адвокатите, обвинителите и судиите, селективно избирање на аддвокати по службена должност и непрофисионални одлуки носат до широка распространетата недоверба во судскиот систем и функционирањето и независнота на судскиот совет. Но, и во однос на напредувањето и разрешувањето на судиите“ рече Килијан Ван, шеф на Мисијата на ОБСЕ.
- „Никој не треба да очекува дека ќе се зголеми довербата на граѓаните во судството, доколку не дојде до големи промени. Зголемувањето на одлучноста и отчетноста се одлична појдовна точка. Не знам што ќе покажат денешните резултати но знам дека проценката е да им овозможи на фелата за да може да се зголеми отпорноста на судството во однос на корипцијата“ рече Ерик Мејер, заменик шеф на мисија, Амбасада на САД во Скопје.
За големите амбиции, но без резултати признаа и домашните судии.
- „Свесни за предизвиците и за тоа постојани беа повиците, за конректна акција, но дали дојде до таа конкретна акција? Што недостасуваше, лидерство, иницијатива, инклузивност или сите заедно?“рече Џемали Саити – претседател на Здружението на судии.
Судиите и обвинителите најголемите ризици за корупција не ја лоцираат во себе туку во вештаците. На високото второ место, судиите ги сместуваат адвокатите кои според нив прават злоупотреби за одолговлекување на постапките, а вина гледаат и во формирањето на обвинителните акти. Обвинителите ризик за корупција гледаат и во несоработката помеѓу институциите, а високо го сместуваат и влијанието на бранителите врз судските процеси.
- „Очигледно е, навистина тука постои сериозен проблем кај извештаите и мислењето на вештаците и кај обвинителите и кај судиите, сметаат дека овие извештаи од вештаците се контрадикторни, “ рече Владимир Георгиев – член на ДКСК.
Ниту судиите, ниту обвинителите не веруваат во Судскиот и Советот на јавни обвинители. 72% мислат дека Судскиот Совет не се грижи за независноста на судството, а повеќе од половина судии не сметаат дека членовите во Советот работат на фер и транспарентен начин, но и дека функционираат како независен орган. Слична е сликата и во Советот на јавни обвинители на чии одлуки повеќе од половина обвинители не веруваат дека непристрасно го носат одлуките.
Во анкетата на Мисијата на ОБСЕ, врз која се обратени овие податоци, учество зеле 212 судии и 83-јца обвинители, а проценката дава мислења за независноста на судството и обвинителството за 2022 година.
Викторија Миткова