Нови имиња на две училишта во Дебар

Советниците од социјалдемократскиот сојуз и другите албански партии во Советот на најзападната македонска општина Дебар денеска донеле финална одлука  за нови имиња на две училишта во овој град.

Дел од Дебарските советници денеска ја потврдиле одлуката донесена во 2012 година согласно која основното училиште “Братство единство“ се преименува во “Пенестиа“, што според албанската историја е старото име на Дебар.

Ново име ќе добие и средното општинско училиште “Здравко Чочковски“ кое во иднина ќе се вика  “28 ноември“,  во чест на денот на независноста на Република Албанија и ден на националното албанско знаме.

Одлуката на советот на Дебар е донесена врз основа на барање од министерството за образование кое ја оспорило одлуката од 2012 година која што минала без Бадинтер.

Сега Одлуката за преименување и промена на статутите на училиштата поминала со потребниот број на гласови според Бадентеровото правило кое предвидува за одлуката да се гласа со двојно мнозинство односно со мнозинство  советници од локалното македонско малцинство.

На седницата за менување на имињата гласале Социјалдемократскиот сојуз кои го обезбедиле Бадинтер, ДУИ, Алијанса на албанците и Беса а советниците на вмро дпмне  не присуствувале советниците на ВМРО – ДПМНЕ.

Вкупно во советот на општина Дебар има 15 советници, од кои 5 се оди ДУИ, по тројца од СДСМ и алијанса на Албанците  а по двајца се од БЕСА и ВМРО -ДПМНЕ.

 

Горан Момироски