Нови донатори поврзани со Еуровиа-МНР и ДУИ доставија документи до институциите

Две компании, исти донации. Не само Еуровиа туку и Виаком, која до пред две години била под капата на фирмата на Елмедин Адеми, донирала ист износ на ДУИ, 1 милион и 845 илјади денари.
Една недела откако Алфа прва објави за скандалознот тендер, Министерството за надворешни работи ја достави до Антикорупциската комисија и Обвинителството документацијата за набавката вредна 1.8 милиони евра.
И ДУИ тврди дека доставило се што е поврзано со партиските финансии до институциите и дека дел од парите им биле вратени на донаторите, но не објавија никакви документи.
Дополнително, не се кажуваат датумите на наводно вратените донации и дали тие се поклопуваат со доделените тендери.
Ниту ревизорите ниту инспекторите на УЈП не ги потврдуваат информациите на партијата.
Антикорупционерите веќе оформија предмет и без документите од ДУИ, од пред неколку денови активно прибираат документација и најавија седница н која ќе ги обелоденат злоупотребите.
За разлика од нив, обвинителството молчи со денови. Државниот обвинител не изустил ни буква за Еуровиа, а првиот човек на организиран криминал ИСлам Абази шета по работни посети на Косово и Црна Гора.
Во меѓувреме, Еуровиа активно работи на терен. Нивната задача е за 1,8 милиони евра да ја преадаптираат салата Борис Трајковски во пресрет на министерскиот совет на ОБСЕ за 2023 со кој Македонија ќе претседава во декември.
Државата троши фантастична сума за салата која по конференцијата повторно ќе се врати во првобитна состојба, а за речиси истата сума можеше да се изгради сосема нова.
Паула Костадиноска