Нови детали за убиството на Халкидики
Убијците на водачот на „Дуќанџик“, Орхан Бајрами – Оки дошле до луксузниот ресорт каде престојувал со патничко возило со странски регистерски таблици, а не со мотор како што првично беше објавено.
Грчките медиуми објавуваат нови информации за убиството што се случи во петокот кон саботата во Ханиоти, на Халкидики и повикувајќи се на извори од истрагата пишуваат дека полицијата има видео снмика од возилото што го користеле напаѓачите.
Според полициски извори, возилото што го користеле извршителите на убиството не ги поминало границите на државата, но не се исклучува сторителите да го оставиле само возилото, додека тие ја преминале границата надвор од Грција користејќи други начини.
КАТЕГОРИИ Балкан