Новиот член на американската црна листа, Рамиз Мерко вчера го откри споменикот на „незнајниот косовски јунак“ во Струга

Бесправно и надвор од секоја законска процедура на самиот кеј на реката Дрим Косовскиот конзулат во Струга,кој се јавува како инвеститор, свечено го откри поставеното 3,5 метра високо спомен обележје,за кое никој не знае колку пари чини.Мерко не одговара на повиците,а општината не откриваат. Во важечките урбанистички планови на конкретната локација воопшто не е предвидена изградба на било какво спомен обележје. Спорната одлука е донесена со амин од советниците на СДСМ, преку кои ДУИ успеа да обезбеди мнозинство и за гласањето по Бадентер.

 “Совентиците на СДСМ во Сoветот на општина Струга гласале. Замислете ги бојадисуваа како шарена револуција спомениците за македонските дејци,али затоа во Советот на општина Струга гласаат.Сакаме да сме еднакви, ако сакаме да сме еднакви, тогаш овој споменикот што е во Струга ќе треба утре заедно со Бујар Османи да појдеме и да го демонтираме, бидејќи тој споменик во Струга не го исполнува законот”-вели лидерот на ВМРО ДПНЕ, Мицкоски

Со нелегално поставување на спомен обележја од други држави во срцето на Струга се подрива уставниот поредок на Република Македонија -предупредуваат од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, која пред Уставниот суд ја обжали одлуката за подигање на ова највисоко спомен обежје во Струга,наводно во знак на благодарност затоа што во 1999-та за време на воениот кофликт граѓаните на Косово нашле прибежиште во нашата земја.

Ова е обид за затскривање на криминалот на Мерко,кога во јавност излегоа сите афери и индиции за сторени кривични дела.Најлесен начин за затскривање на тој криминал е прибежиште да се бара во национализмот-вели советникот од ВМРО ДПМНЕ,АЛЕН ДЕРЕБАН.   

Затоа што ова претставува скандал во меѓународните односу помеѓу државите и невиден преседан странска туѓа држава без одобрение да изгради споменик во Република Македонија, кој што претставува класична довоградба, спротивно на сите законски прописи, а немаме никаква реакција нити од министерството за култура,ниту од Управата за заштита на културно наследство нити од министерството за надворешни работи –вели Деребан

И покрај тоа што Инспекцискиот совет утврди незаконитости поради кои предметот го достави на понатамошно постапување до Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство, споменикот финансиран од конзулатот на Косово  беше свечено откриен. Инаку,ова не е прв обид на кејот на Дримот да се постават спомен обележја и споменици меѓудругото и на контроверзни личности, поврзани и со воениот конфликт во Македонија.

Росица Гулабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста