Новиот модел за субвенционирање, нови главоболки за земјоделците. Дел од производителите ќе бидат принудени да се откажат и од субвенциите, категорични се од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството. Се планира пари да добиваат врз основа на произведената количина, а субвенции нема да има за оние производители кои нема да си ги осигурат посевите..

  „За да добиете субвенции ќе мора да го осигурате производството. За житните култури , јачменот и пченицата мора да биде семенски матрејал и најмноггу 400кг.производство, а хектар површина. Тоа кај нас тешко ќе биде. Стручно лице мора да имате и површините мора да ви бидат осигурани за да добиете субвенции. Тоа се мерки што земјоделецот не може да ги издржи и најверојатно ќе се откажеме од субвенциите„-изјави Тони Максимов, оризопроизводител.

Високите цени на репроматрејалите, а ниската откупна цена на производството е причина за многу земјоделци се откажат од нови сеидби. Во неизвесност ги држи најавата на новиот закон со кој сите ниви кои се плодни, а не се обработуваат, по теркот на државното земјиште, државата  и нив да ги дава под закуп.

  „Сега министерот најавува иницијатива дека тие површини што нема да бидат посеани ќе бидат одземени и дадени под концесија. Нашите површини не се во државна сопственост за да ги дадеме ние на државата за они да стопанисуват со нив или да ги дадат под закуп„ вели Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево.

Како позитивна работа ја издвојуваат авансната исплата на субвенциите, барање што земјоделците речиси на сите протести го доставуваат до власта.  Новиот модел  на субвенционирање треба да се финализира до крајот на годината и да се применува од јануари 2023 година.

Александра Ристевска

Advertisements

Поврзани вести