Нова иста порака од Брисел: Прво реформи во ЕУ, па проширување- сепак оптимизмот на Ковачевски ништо не го руши

Димитар Ковачевски не го загрижуваат пораките од Брисел, дека ЕУ прво треба да поработи на внатрешните реформи, па дури потоа да се сврти кон реално проширување на Унијата. Изјавата на поранешниот премиер на Белгија, сега европратеник Ги Феркофштат, дека не би требало да се размислува за проширување без внатрешни рефнорми, за Ковачевски не било ништо нов. Додека од една страна не убедува дека уште Бугарите во Уставот ни биле доволни за брз пат кон ЕУ, од друга страна вели дека најавите од Брисел проширувањето може да биде ставено на пауза не биле од сега.

-Таа воопшто не се разликува од другите изјави кои што се даваат, да ние имаме цел до 2030-та година, тоа е целосно во согласност со тоа што го кажа претседателот на Европскиот Совет, господинот Мишел, кој што кажа дека ЕУ до 2030-та треба да работи на две патеки. Едната е реформи во Европската Унија, со цел да може да функционира со повеќе од постојните земји членки, значи да функционира со 30, 32 земји членки, зависи колку ќе бидат подготвени, изјави Ковачевски.

Додека од ЕУ ни стигнуваат негативни оцени во најважните полиња како што се владеење на правото, корупцијата и условите во правосудството, Ковачевски се правда дека многу работеле на реформите, а нормално да сака и ЕУ да се реформира без да прими други членки.

Инаку, Феркофштат порача дека без реформи не би требало да се размислува за проширување на ЕУ.

-Да вие кажавте ајде да се обидеме со 30, со 35, со 36. Јас можам да ви кажам: Видете ја Европската Унија пред вашите очи со 35 или 36 комесари или нешто слично. Ние веќе немаме за нив со 27, изјави Феркофштат.

И покрај ваквите пораки од Брисел, Ковачевски денеска ни говореше што би добиле на економски план од членството во Европската Унија. Тоа би значело повисоки плати и пензии и подобар живот.

Додека од Брисел ни стигнуваат јасни пораки дека мора да се работи на домашните реформи, но да почекаме и ЕУ да се реформира внатрешно, официјалните лица од Брисел во Скопје доаѓаат со различни изјави. Сме морале да го смениме Уставот и работите ќе биле полесни. Еврокомесарот за буџет Јоханес Хан порача дека членството во Унијата ќе ни донесе благодет и финансиска стабилност. Тогаш еврокомесарот за проширување во неколку наврати со години ни кажува само што не сме почнале преговорите со Унијата, сега вели дека Македонија можела да биде 28-ма земја членка на ЕУ, .

Инаку, претхондо франуцскиот претседател Емануел Макрон, изјави дека ризично е да мислеле дека може да се проширува Унијата без реформи, како и најави некаква ЕУ во повеќе брзини, што од добар дел од познавачите претставува најава дека нема сите членки да имаат исти права. 

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста