Нова бугарска закана: Бадијала забраната на македонските власти- ќе биде сторено се Македонија да го добие „Цар Фердинанд“

Бадијала забраната на македонските власти, ќе биде сторено се Македонија да го добие Цар Фердинанд. Оние кои тврдат дека имаат бугарска самосвест во земјава, со сите сили ќе се обидат да го отворат бугарскиот културен клуб во Богданци. Потпретседателот на ова здружение Марјан Николовски, за бугарското радио Фокус порачува дека ако е потребно ќе се оди и во Стразгбур, ама Македонија ќе добие клуб именуван во Цар Фердинанд.

-Ние името не планираме да го смениме, ќе ги искористиме сите правни средства кои ни стојат на располавање во државата Македонија. Ќе ги испцрпиме сите правни механизми кои ни стојат на располавање. Ќе ги искористиме сите судски инстанци и потоа се знае ќе одиме во Европскиот суд во Стразбур, ако бидеме одбиени тука, изјави Марјан Николовски.

Во македонското Собрание едногласно беше изгласан закон со кое ќе се регулира именувањето на овие здруженија, а оние кои веќе се основани и именувани по спорни историски личности, имаат рок од три месеци, да ги сменат своите имиња и статути, согласно пропишаното во новиот закон. Ова беше причина за реакција за нова реакција и провокација на бугарската Фондација Македонија. Им пречи што се забранувале имиња на историски личности кои ги повредуваат чувствата на Македонците.

-Официјално е обновен шовинистичкиот „Закон за заштита на македонската чест“ од 1945 година. Долгорочните негативни последици од оваа одлука за Скопје останува да се видат, но извесно е дека над 60% од лицата до 30 години порано или подоцна ќе се иселат од земјава. Во име на политичкиот рејтинг беше поткопана иднината на државата, велат од „Фондација Македонија“.

Покрај клубовите во Македонија, проблематична е состојбата и со македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, чие основање беше забрането од страна Врховниот суд на Бугарија. Она што е симптоматично е што против него се и македонските власти, а тоа директно ни го кажа првиот дипломат. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, порача дека тој треба да им се извини на Македонците, поради неговите зборови.

-Министерот за надворешни работи треба да води сметка дека тој ја добива својата месечна плата и овој би рекол луксузен живот што го води од граѓаните во Македонија и треба да ги штити интересите на граѓаните на Македонија, а не како што е во случајот на соседна Бугарија. И мислам дека треба малку поодговорно да се однесува кон чувствата на граѓаните на Македонија, тука пред се мислам на чувствата на Македонците, изјави Мицкоски.

Инаку, бугарскиот културен клуб „Цар Фердинанд“ доби негативна оценка од владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личносто, а одлуката дали клубот ќе се регистрира со тоа име или ќе мора да бара друго, е ја донесе Централниот регистар.

Матеја Петровски

Advertisements