Новата даночна реформа ќе ги дотепа музичарите и ќе затвори еден куп комании кои и сега едвај преживуваат

Не стивнуваат реакциите од засегнатите во врска со најавените зголемени даночни реформи, кои на сила треба да стапат на почетокот од следната година. Музичарите велат дека најпогодени ќе бидат хонорарците, кои треба да одвојат повеќе пари за покривање на трошоците, односно после секој настап да плаќаат и давачки кон државата. Андријана Јаневска за Алфа рече дека власта на голема врата сака да ја протне новата даночна реформа, преку која сака да го полни државниот буџет, и да ги доосиромаши граѓаните.

  • Колку што се сеќаваме пред некоја година имаше протести токму по најавите дека за хонорарците ќе се плаќаат даноци, пари што дополнително ќе ги осиромаши сите. Сметам дека сега нее ниту време, ниту пак место да се прави ваков чекор, зашто кризата си го направи своето, а сега кога едвај ја преживеавме пандемијата, со новата даночна политика дополнително ќе не дотепа, и сеуште ништо нее јасно, како ќе биде, како ќе се плаќа, што ќе се прави, дефинитивно мисла дека сето ова е погрешно, вели Андријана Јаневска за Алфа.

Музичарите велат дека лено е да се бара начин за покривање на дупки во буџетот, но тоа само осиромаши, кои едвај ја преживеаја пандемијата поради откажаните настапи.

  • Лесно е само да се каже дека ќе се оди на дополнително оданочување коишто би покрило дупки во буџетот, но треба да се внимава дополнително да не се осиромашат музичарите кои едвај ја преживеаја пандемијата поради откажаните настапи, вели Петар Младеновски од музичката група „Суперхикс“.

Познавачите на состојбите веќе предупредија дека ако ова се реализира би предизвикало катастрофа, зашто стопанството и сега едвај преживува.

Велат дека Владата мора да поработи на ефикасноста на расходната страна на буџетот, на зголемена одговорност и отчетност, но и на сузбивање на високата стапка на корупција. Само за потсетување, сивата економија во Македонија изнесува од 25% до 40%. Надвор од легалната зона се реализираат околу 2,5 милијарди евра, што е погубно за легалните бизниси.

Борис Грујоски