НЛБ: вработените и клиентите се безбедни, парите се осигурени

Од НЛБ Банка го потврдуваат грабежот што се случи утринава во експозитурата во скопски Сарај. Додаваат дека во моментот на грабежот од страна на вооружена група разбојници, биле присутни вработени и клиенти, но сите биле безбедни и во добра состојба.

„Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план. Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена“ – велат од НЛБ.

Од Банката велат дека парите на клиентите се сигурни, бидејќи средствата и имотот се осигурени.