Ни стигна касетната муниција, Русите се многу загрижени“: Украинскиот генерал го потврдил приемот на оружјето од САД

Олександр Тарнавски, украинскиот бригаден генерал, денеска за „CNN“ потврдил дека Киев од САД добил контроверзна касетна муниција.

„Штотуку го добивме. Сѐ уште не го употребивме, но тоа може радикално да ја смени ситуацијата (на боиштето)“, изјавил Тарнавски во интервју за американската телевизиска мрежа.

Тој навел дека „и непријателот знае дека со оваа муниција ќе бидеме во предност“.

Непријателот ќе ни го препушти делот од теренот каде е можно да го користиме“, оценил украинскиот генерал, мислејќи на руските трупи.

Тарнавски порачал дека „ова е многу моќно оружје“ и дека вишите команданти ќе одлучат „во кои делови од територијата тоа ќе може да биде користено“.

Тој нагласил дека „касетната муниција нема да биде користена во густонаселените подрачја, па дури и доколку ги окупирале руските сили“.

„CNN“ потсетува САД објавиле дека Вашингтон добил писмена гаранција од Украина дека нема да го користи ова оружје во населени подрачја и дека по завршувањето на војната ќе спроведе операција на деминирање.Русите мислат дека ќе го користиме на сите делови од фронтот. Тоа е многу погрешно. Но, тие се многу загрижени“, изјавил украинскиот генерал.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста