НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ни риба ни девојка е ставот на Пендаровски за уставните измени, сакал да се случат кога ќе влеземе во ЕУ, ама тоа не било реално

За Пендаровски и Мицкоски и Ковачевски се во право . Првиот човек на државата коментирајќи ги  спротиставените ставови  на претседателот на Владата и претседателот на опозицијата, по лидерската средба, е неутрален .  Според Пендаровски , точно било дека има промена во ставот на опозицијата , но и точно е  дека ВМРО – ДПМНЕ имаат поставено предуслови на средбата . И Пендаровски имал желба  уставните измени да имаат одложено дејство, односно тие да почнат да важат по влезот во ЕУ  ама тоа било нереално .

Во право е премиерот кога вели дека има промена на ставот кај Христијан Мицкоски кој претходно велеше дека не сака да гласа за Бугарите во уставот и дека не може да правиме уставни измени под бугарски диктат. Од друга страна во право е опозицијата кога вели дека нејзините предуслови кои дополнително ги има испоставено на лидерската средба. Особено барањето за одложено дејство на уставните проемни, или тие да важат отако Македонија ќе стане членка на ЕУ. Според мене е апсолутно надвор од реалноста, иако јас би сакал такво нешто – истакна Пендаровски.

Прашан дали до почетокот на Брдо – Бриони самитот, кој се одржува во средина на септември ќе се донесат уставните измени, Пендаровски вели дека и да има мнозинство, процесот траел повеќе од три месеци и нема шанса да се завршат до тогаш .

-Главното барање е малата бројка на бугарско национално малцинство да биде дел од Уставот. Неодамна се одржа лидерска средба, на која се сретнаа највисоките претставници од власта и опозицијата и тука лидерот на најголемата опозициска партија изрази подготвеност да влезе во Владата и да гласа за уставните измени, со тоа што се разбира постави други предуслови, кои до моментов не се решени, но тоа е значајна промена, рече Пендаровски .

Иако Ковачевски вети дека ќе обезбеди дво третинско мнозинство за внесување на бугарите во Уставот, сега соочен со реалноста седна на маса да  разговара со опозицијата како да го испорача она што го вети пред Европа.  Мицкоски не прифаќа уставни измени под бугарски диктат, туку неговата понуда беше базирана на три столба. Гаранции за македонскиот идентитет и јазик, обврска и за Бугарија – да ги почитува пресудите на Евопскиот суд за човекови права, пакет економска поддршка за граѓаните и стопанството, како и одложена примена на уставните измени се до влезот на Македонија во ЕУ со што нема да има нови условувања во процесот на преговори.

Кристина Алексиеска