Ни помалку ни повеќе: За 3 пати е зголемен данокот на имот за станови во Oхрид за оние кои не живеат таму

Решенијата за наплата на данок на имот ги стаписаа граѓаните од внатрешноста на земјава кои не живеат во Охрид, но имаат станови-сумата која треба да ја платат за да ја подмират оваа давачка е огромна. Малкутемина кои ги затекнавме на риверата ги прашавме колку е зголемата сумата за данокот на имот?

На социјалните мрежи врие,граѓаните кои до вчера плаќале 8.000 денари, годинава треба да платат 24.000 ден,или ако плаќале 2.500,сега ќе издвојат 8.500.Најголем непријател на македонецот-е македонецот, за една група граѓани да се во привилегирана состојба се’ ќе се стори,државата пропаѓа,ама важно се зголемуваат фискалните давачки за граѓаните -ова се дел од реакциите на социјалните мрежи.Туризмолозите пак имаат свое видување,не може велат оној кој што има стан во Охрид да го издава, а за тоа да не плати соодветно.

Мислам тие се апсурди. Во цел свет има данок на луксуз и разликата меѓу данокот на луксуз и обичниот данок е драстично зголемена не 10,20,30 % туку 100,200, 500 % Тука мораме да разбереме дека ако некој стан или вила се користи, мора да влезе во категоријата како стопански објект затоа што прави пари од тоа, вели Владо Суклоски туристички работник.

Од општина Охрид појаснуваат дека измената на законотза даноци на имот е изгласана во Парламентот на 7-ми јули 2021-со примена на истата од 1-ви јаниари 2022-ра.

Законот ја направи таа измена да се зголеми не стапката, туку сумата практично за три пати повеќе да се плаќа данок на имот за стан во кој што не се живее, или имот кој го поседувате а сте надвор од општина Охрид,популарно кажано во народот се брои како луксуз таквиот имот нели, вели Томе Џамтоски портпарол на Општина Охрид.

Од општина Охрид потенцираат дека во градот има од 10 до12.000 станови кои во текот на годината се празни.За да докажат дека не ги издаваат на други,сега ќе мора да приложат документ заверен на нотар, само така ќе се спасат од високите давачки на данок на имот. Туристичките работници се децидни-во општинската каса фалат најмалку 300.000 евра годишно, пари кои би се обезбедиле од наплата на туристичка такса која сега не ја плаќаат оти становите кои преку лето ги издаваат, никаде не се евидентирани.

Росица Голабоска

Advertisements

Поврзани вести