Ништо од најавите за пуштање во употреба на патот Требеништа – Струга

Како кула од карти паднаа ветувањата на првиот човек од Агенцијата за државни патишта Ејуп Рустеми, кој пред една недела уверуваше дека денеска ќе биде пуштена во употреба делницата од Требеништа до Охрид,која требаше да биде готова заклучно со месец август,но ништо од тоа. Од утринава на терен со сета можна механизција забрзано се работеше-едни асфалтираа и поправаа пропусти, други ја обележуваа трасата. На возачите кои ги прашавме како се вози,им е преку глава од празните верувања и лаги.

Не може да се пушти овај уште 6 месеци најмалку ,до каде ќе се пушти? Овој мостов кога ќе го прават, ево денеска го прават. Ништо не е пуштено, се е по старо се вози по една лента и многу брзо се вози; Сеуште е со ограничување на брзина бидејќи е сеуште во изградба; Извините никаков коментар; Ова е катастрофа, јас не знам колку години се прави, немам збор што да кажам.Ова уште не го имам видено; Жално е,колку има 10 години како се прави?Пустелија,не е афтопат, катастрофакоментираат граѓаните.

Дел од возачите изјавата на Рустеми дека денеска ќе биде пуштена во функција делницата ја сфатиле на мајтап,оти се до утринава на делницата не се работеше речиси ништо. За неподносливо долгата изградба на автопатот Кичево-Охрид,реагираат и од ВМРО ДПМНЕ.

Поради неспособноста на Владата предводена од СДСМ сагата со изградбата на автопатот продолжува и по 8 години не се знае кога ќе се вози по автопатот кој досега чини 684,7 милиони долари, а никаде го нема – изјави Грација Бакраческа – ВМРО ДПМНЕ.

Во месец мај министерот Бочварски и директорот на Агенцијата за државни патишта,Рустеми најавија градежна експанзија но ништо од тоа,на делницата се асвалтирани едвај неколку километри.На автопатот Охрид-Кичево и по цели 8 години и три продолжувања на рокот за изградба, не му се гледа крајот. Ова го отвора прашањето дали нашата држава која за дебели пари,ангажираше и странски компании, има капацитет да го заврши автопатот кој треба да биде готово до крајот на 2023-та? Експертите укажуваат дека е крајно време  да се превземат интензивни и сериозни мерки, да се обезбедат барем отпимални услови за одвивање на сообраќајот оти ова е страм  за државата. Надлежните велат отворено да ги откријат причините и да кажат што навистина се случува со децениската изградба на автопатот.

Росица Голабоска

Advertisements