Ништо од најавите , ЕСМ после празникот ќе ги откриеле понудите на фирмите за набавка на гас

Ништо од најавите од ЕСМ дека ќе ги соопштат понудите од фирмите за набавка на гас. Ќе сооштеле кој се пријавил, ама после понеделник.  Како што инфомираат од компанијата , се уште чекале да бидат  доставени  понудите , па ќе ги разгледале.  Иако гас имаме за уште 10-тина дена, ЕСМ не се брза да го склучи новиот договор за наредните шест месеци.

Чекаме да ги достават понудите, да ги разгледаме и ќе информираме, но не денес туку после празникот, информираа од ЕСМ

Дирекоторот на ЕСМ Васко Ковачевски најави дека очекува отворениот повик да биде во текот на целата грејна сезона и да има понуди со обезбедено поголемо количество и за ТЕ-ТО , а очекува и  шестмесечни понуди. Осовните критериуми по кој ќе се бираат фирмите се најниска цена и гаранција за испорачување на количини за задоволување на топланите и ТЕТО.  Како што кажа директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, доколку ниту една од понудите не е прифатлива топланите се подготвуваат да работат на дизел.

Ковачевски очекува поволна понуда како од Макпетрол иако веќе од таму кажаа дека истекол нивнот рок за нарачка на потребни количини, а се споменуваат и уште две –три фирми. Во ихра е и швајцарската ПГО , предлог на ВМРО – ДПМНЕ како дел од контактите кои Мицкоски ги достави до Владата.

Во меѓувреме планот од владата е да се набавува гас авансо, месец за месец и да ги следат цени8те на берзите, надевајќи се дека така ќе заштедат .

Кристина Алексиеска

Advertisements