Ништо од големиот протест пред Обвинителството против притворот на активистката Моника Ристеска

Ништо од повиците за голем протест пред Основното јавно обвинителство поради притворот на активистката Моника Ристеска. Иако претходно граѓанските организации се силеа на социјалните мрежи дека ќе биде масовно, па дури и ќе запалат џоинт пред Обвинителството, не испадна ништо од тоа.

Дури и новинарот Борјан Јовановски кој преку Фејсбук најави дека со џоинт ќе протестира, денеска не го стори тоа.

– Драги пријатели, сите кои конзумирате канабис ве повикувам утре на пладне секој со својот џоинт да се собереме пред ОЈО. Притворот за луѓето кои уживаат канабис е недопустлив во ова време кога цел цивилизиран свет го легализира уживањето на марихуаната! Притвор за криминалци Слобода за слободољубци, напиша тој.

Дел од поддржувачите на легализација на марихуаната за рекреативна употреба дојдоа пред ЈО, но запалија само цигара и ништо повеќе.

Адвокатот на Моника Ристевска, која вчера беше приведена откако во нејзиниот дом беше пронајдена дрога не е задоволен што таа е во притвор. Тој на протестот порача дека ќе биде поднесена жалба со цел да биде изречена поблага казна.

– Недопустливо е државата да допушта мултимилионски бизниси за правни лица а уживателите да ги гони кривично. Никој не мора да биде притворен поради користење наркотици, особено канабис не е основ за одредување мерка притвор. Одлуката на судот е склоп на ригидна политила која се води против корисниците, додаде тој.

Алфа го праша адвокатот дали би им дозволил на своите деца да употребуваат канабис, а тој рече дека не гледал причина зошто би им забранил.

На Моника и е изречена мерка притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание на сведоци. Таа се огласи од таму: „Не ме барајте, во притвор сум 30 дена“.

Борис Грујоски