Ниту термин ниту доволен број на мамогрофафи – Болните од карцином на дојка не можат да закажат преглед во јавните здравствени установи

Нема прегледи на мамограф преку „Мој термин„ во ниту една јавна здравствена установа во Скопје. Сите термини се зафатени во наредните три месеци, па жените се принудени решението да го барат во приватните клиники или да начекат слободен термин во внатрешноста. Минатиот месец и дел од жените во Свети Николе не можеле да закажат, бидејќи термините биле зафатени од жени од Скопје, Велес, Куманово, Тетово,Кочани, објаснуваат од Организацијата на жени на Свети Николе, којашто долги години работи на подигање на свеста за рано откривање на карциномот на дојка.

  „Во Свети Николе од последните податоци за месец октомври кога имавме кампања за превенција и прегледи на локалните жителки и жените од руралните средини да се јавуваат на превентивни прегледи  и ние имавме проблем со закажување на термини, бидејќи беа зафатени со жителки од други општини„-вели Даниела Панева, преседателка на Организација на жени на Општина Свети Николе.

Самопрегедот и раната детекција играт клучна улога во борбата со карциномот на дојка. За жал, кај нас во државата нема доволен број на мамографи, но и бесплатни скрининг програми поддржани од самото министерство, објаснува Панева 

  „ Во Свети Николе имаме мамограф, но сепак сметам дека на национално ниво не е доволно колку што има мамографи да бидат обезбедно превентивни прегледи за сите жени во државата „-изјави Даниела Панева, преседателка на Организација на жени на Општина Свети Николе, –

Освен во Свети Николе, во Источниот регион мамографи има и во Штип и Кочани. Во најнеповолна ситуација се ставени жените од Малешевијата кои за да се прегледаат  треба да патуваат и по неколку километри во еден правец, бидејќи во Делчево,  Пехчево и Берово, единствено мамограф има во Македонска Каменица, добиен во 2016 година . 

Александра Ристевска

Advertisements