Никој не смее да го чепка Азири: Нути е разрешен, ниту санкциониран за говор на омраза и повикување на насилство

Предупредувањата за крешење раце и нозе очигледно не се доволна причина за министерството за култура да го разреши или да преземе други мерки за да го казни партискиот функционер на ДУИ, вработен како државен секретар Валмир Азири. Иако според закон, министерствата ги именуваат и разрешуваат државните секретари, во култура не се чуствуваат надлежни во врска со јавните закани на Азири, кој инаку, таму е вработен како Македонец, па не упатија да прашаме во МВР.

„Ве информираме дека случувањата во јавноста поврзани со Државниот секретар на МК, не се поврзани со активностите за кои е надлежно Министерството за култура. За конкретниот случај, надлежност имаат други институции за што ве упатуваме во МВР и на Основното јавното обвинетелство.“ – Велат за Алфа од Министерство за Култура.

По јавните повици на Азири за насилство врз пратеникот Антионио Милошовски, откако Арбр Адеми удираше по него и други пратеници со филџани и други предмети, од министерството за внатрешни работи велат дека во моментов случајот се расчистувал, додека пак од обвинителството засега чекаат полицијата да утврди дали делото е кривично или прекршочно за да преземат мерки.

„Известен е јавен обвинител, а пријавата засега е во МВР. Доколку оттаму утврдат дека постојат за елементи за кривично дело, ќе го достават до ОЈО. Ако МВР утврди дека станува збор за прекршок, тогаш обвинителството не постапува. Засега се чека да завршат проверките.“ – Велат за Алфа од основно јавно обвинителство.

А дали Владата ќе го санкционира Азири, до овој момент немаме одговор.
Луѓе во минатото се приведувани експресно заради статуси на фејсбук, со говор на омраза и насилство. Но последниот на Азири изгледа не е доволна причина за реакција од надлежните.

„Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Помина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците“ пишуваше во објавата на Валмир Азири.

Објавата на Азири исчезна од неговиот фејсбук профил уште истиот ден, но, вели не ја избришал тој. Некој го пријавил во Фејсбук и оттаму му го оттстраниле заканувачкиот текст.

Никола Цветкоски