НАЈНОВИ ВЕСТИ

Николоски: 2/3 за уставни измени под бугарски диктат нема, ајде на избори веднаш

Власта во Собранието нема две третини за промена на Уставот и нема да има поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени, за што најдобар доказ е тоа што прелогот не го става на гласање, објави на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој обвини дека власта наместо да нуди решенија, „неуспешно се занимава со спинови и подметнувања“.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ понудила „државнички пристап“, а власта „примитивизам и предавства“.

– Избори се решение, колку побргу заминат толку побргу ќе огрее сонцето за Македонија! Народот да каже за иднината на Македонија како врховен судија во политиката!, додава Николоски во објавата.