Николоски: Спомен куќа на Гоце Делчев во родниот Кукуш

Отсуството на државна стратегија ја доведе Македонија до точка на студена војна со Бугарија. И покрај сето веднење на кичмата, Македонија не престанува да биде понижувана и Македонците не престануваат да бидат понижувани, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неговата последна колумна.

„Поданичкиот однос не вродува со плод, државата е понижена и позициите се нарушени, позициите се на најниско можно ниво. Секој си го поставува прашањето што е длабоката позадина на поданичкиот однос на Владата на СДСМ и на ДУИ. Тие молчат затоа што се до гуша во криминал и корупција. Тие не се чесни и во Македонија владее криминалот и корупцијата“ пишува Николоски.

Тој предлага македонската да поднесе иницијатива до грчката Влада во која ќе побара во Кукуш, родниот град на Гоце Делчев, да се изгради спомен куќа која ќе е своевиден музеј, по примерот на спомен куќата која Македонија ја изгради во чест на Мустафа Кемал Ататурк – таткото на модерна Турција.

„Доколку тие не го направат тоа, нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори ќе го направи ова. Затоа што со дела се бранат националните фигури како и самобитноста на македонскиот јазик и македонскиот народ“ додава Николоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста