Николоски: Силјановска Давкова е најквалитетно решение за Македонија, не е приврзок на ниту една партија

Денеска во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија гостин е потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој говореше околу претседателскиот кандидат на неговата партија, Гордана Силјановска Давкова.

-Во моментов го имаме најквалитетното решение кое што Република Македонија воопшто како држава може да го понуди како претседател на Република Македонија. Имаме една апсолутно стабилна личност, позната и призната во својата професија.

Тој вели дека таа е без скандали во својот. Тој вели дека за него е важен цврстиот став на Силјановска Давкова околу територијалната поделба и двојазичноста.

-Личност која држи до себе, не е приврзок или полтрон на било која партија. Ја критикува сега СДСМ, а во минатото и ВМРО-ДПМНЕ, изјави Николоски.

Тој вели дека шансата да имаме жена за претседател е додадена вредност во овој момент, потенцирајќи дека таа е најдоброто што во моментов Македонија може да го понуди.

Николоски порача дека на една страна народот како избор ја има професорката Силјановска Давкова, додека на другата страна, изборот го прави Али Ахмети, што како што кажа тој не им се допаѓало ниту на членовите на СДСМ.