Николоски: Референдумот е најдемократскиот начин да се дознае волјата на народот

ВМРО ДПМНЕ бара власта да не прави погрешно насочување на народот околу референдумот, потсетувајќи дека така најдемократски ќе се дознае што сакаат граѓаните кога во прашање е францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ.  Тие што не сакаат референдум се плашат од резултатот, порача денес од Тетово, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.

Јас не гледам како најдемократскиот начин на изразување директен рефендфум може да е чекор наназад. Како е можно изјаснувањето за битна, а ова е најбитна тема може да е чекор. Очигледно тоа може да е чекор наназад само за Ковачевски, кој се плаши од волјата и резултатот, и тие се јасни дека граѓанотне го прифаќаат овој бугарски диктат со кој поништување на македонската култура и историја – рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.

Кон крајот на август ќе биде познато прашањето со кое ВМРО ДПМНЕ ќе предложи референдум и со кое ќе бидат опфатени сите проблеми кои Македонија може да ги има доколку ги прифати францускиот предлог.

Она околу кое што сакаме да се движи прашањето е токму овој предлог, односно суштината на тој предлог каде што се ставаат на купче историските прашања, јазичните прашања, идентитетските прашања и околу тоа сакаме да се изјаснат граѓаните рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.

Партијата веќе не е очекува поддршка од претседателот Пендаровски. Николоски смета дека Пендаровски е нестабилен со честите промени на изјавите и ставовите. 

Александар Самарџиев

Поврзани вести