Николоски: Оваа влада е продолжеток на криминалот, ќе биде срушена со демонстрации кои ќе почнат уште оваа есен

На денешната седница на Собранието на Република Македонија на која на дневен ред е изборот на влада, се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој ги наброја неуспесите на претходната влада додавајќи дека владата која треба да се избере денес е само продолжување на криминалот и корупцијата.

Тој на крајот на своето обраќање им се обрати на граѓаните и ги повика на демонстрации кои ќе започнат уште оваа есен со цел да се сруши оваа власт која нема никаков капацитет и ќе има најкраток мандат во историјата на независна Македонија.

-Би сакал на крај да се обратам на граѓаните. Ќе се гледаме по градовите и селата затоа што ова е коалиција на лагата. Оваа коалиција ќе биде срушен на масовни демонстрации по македонските градови и села кои што ќе почнат уште оваа есен затоа што капацитет за запирање на поларизацијата нема, капацитет за реализација на ветувањата нема, а во исто време народот се чуствува излажан и несоодветно преставен во оваа влада. Се гледаме на демонстрации, се гледаме по македонските градови и села за заедно да ја собориме оваа власт која што ќе е влада со најкраток мандат во историјата на независна Македонија“, рече Николоски.