Николоски: Не добивме кредибилен демант дека во Македонија не се прави следење на граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека во Македонија преку малициозни софтвери се влегува во сечиј дом. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски вели дека од МВР, АНБ и Агенцијата за разузнавање не добиле кредибилен демант за следење на комуникациите на граѓаните, политичарите. Николовски посочи дека на седницата на собраниската комисија за надзор комисија за надзор и работата на агенцијата за национална безбедност и агенцијата за разузнавање побарале извештаи за нивното работење, но од сите институции освен од воено разузнавање имало класификација Строго доверливо.
Николовски вели дека во Европа се прави прислушување од најразлични аспекти, преку увид во телефонски повици, пораки, се до снимање на разговори во домовите на луѓето преку смарт телефони, и профилирање на граѓаните преку нивните локации и меѓусебни разговори. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека има сомнеж дека тоа се прави и кај нас.
Од она што го слушнавме можам да кажам дека не добивме кредибилен демант дека во Македонија не се прави вакво следење. Не добивме кредибилен демант дека во Македонија не се прави следење на граѓаните со т.н. малициозен софтвер, односно напредни софтвери кои што буквално влегуваат во домот. Она што исто така можам да го кажам е дека кај нас како најголема политичка партија постои сериозно следење и сме по физичко следење како опозициони политичари, кое најверојатно се прави нелегално од страна на одредени структури кои се во безбедносниот сектор во државата, соопшти Николовски.
Николовски вели дека во Македонија дури и се прозиведувале такви софтвери за следење.
Во Македонија се произведувал ваков малициозен софтвер, една компанија, тоа е компанијата Сајтрокс е и на црната листа на САД…, рече Николовски.
Николовски од собраниската седница рече дека токму овие прашања тој ќе ги постави на есенската сесија на парламантарното собрание на Советот на Европа каде една од главните точки ќе биде злоупотребата на системите за следење Пегасус и Предатор. Јас ќе учествувам во таа сесија и на таа дебата , МАкедонија е афектирана на два начини прав заради производство на софтверот и за следењето на комуникациите дома, оти не добивме кредибилен демант дека тоа не се прави во Македонија, соопшти Николовски.