Николоски: На македонија и треба Влада која ќе ги штити националните интереси

Во Македонија дојде време за создавање на Влада која ќе ги штити повеќе националните интереси од сегашната власт, поради новите барања кои доаѓаат од Бугарија поврзани со францускиот предлог за надминување на недоразбирањата и почеток на преговори со ЕУ. 

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски потсети дека долго време предупредувале дека бугарските барања нема да имаат крај. Сега нивната техничка Влада испорачува уште поголеми барања кои го надминуваат и фрнцускиот предлог.

  • Сега Бугарите одат и чекор напред што само ја поддржува нашата теза која ја имаме месеци и години наназад дека никогаш нема да има крај на бугарските барања се додека од македонска страна нема јасни и цврста политика. Се работи за 150 годишна стратегија на Бугарија за стратегија која го негира постоењето на македонскиот народ, јазик, култура, историја традиција и самобитност и затоа најдобар начин за спротиставување на истата е создавање на национална политика и една Влада која ќе ги штити националните интереси каква што за жал не е Владата која во моментот ја води Македонија, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.

Покрај национално понижување на Македонија со бугарскиот договор, граѓаните се соочуваат и со економско опустошување. Стигнаа сметките со нови цени за електрична енергија кои ги испразнија џебовите на граѓаните.

  • И се далеку поголеми од тие 13% кои што Владата ги најави дека ќе е покачувањето, а за фирмите се зголемени за 300 до 500%, значи за 3 до 5 пати се зголемени цените за електрична енергија. Ако некоја фирма на пример плаќала 5.000 евра за електрична енергија, сега плаќа помеѓу 15 и 25.000 евра за електрична енергија што ги носи фирмите кон колапс и кон возможно затварање на истите, да не зборувам за другите економски проблеми кои што и престојат на Македонија, додаде Николоски.

Николоски кој денес беше во Тетово и порача на власта наместо повторни обиди за правење згради и урбана џунгла кај Шик Јелак во градот да се направи градски парк.

Алексадар Самарџиев