Николоски: Зошто Шекеринска и Димитров бегаат од дебати?

Зошто бегаат од соочувања и дебата? Би сакал да ја информирам јавноста дека министерката за одбрана и воедно заменик претседател на СДСМ Радмила Шекеринска избегнува да се соочи со мене на ТВ дебата, напиша на својата Фејсбук страна, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Во изминатиов период беа направени обиди од најмалку 5 телевизии да се организира ТВ соочување меѓу мене и Шекеринска. Сите пропаднаа затоа што Шекеринска со разни одговори избегнуваше да се соочи со мене. Истото се однесува и на министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој гледам гостува само кајшто му е сигурно на нарачани прашања во таканаречени „пријателски медиуми“.
Пред крајот на кампањата во првиот круг на претседателските избори би сакал да ги прашам и Шекеринска и Димитров од што бегаат? Од вистина? 
Зoшто последен пат на ТВ дуел со мене се појавија пред референдумот за името кога и двајцата беа поразени? Се плашат ли дека немаат аргументи и немаат што да одговорат за срамната промена на името, за втора по ред година без датум за преговори со ЕУ, за високото ниво на корупција и криминал, за назадувањето во сите сектори… Одговор ќе стигне побрзо од што очекуваат на 21ви април и на 5ти мај, напиша Николоски.